Шпанија
Хоселу за Белингем: Тој ќе влезе во историјата на Реал, има неверојатна зрелост и знаење

Реал Мадрид игра добро во Примера и Лигата на шампионите, а голема заслуга за тоа има летното засилување Џуд Белингем кој игра ефикасно во двете конкуренции, дава голови и бележи асистенции.
Со овие изданија тој го освои срцата на навивачите, веќе е миленик на истите и во исто време стекна голема почит од соиграчите, староседелците, но и оние кои добро го познаваат клубот како што е Хоселу Мато кој своевремено играше за втората екипа на тимот, а беше дел и од првиот состав.
Сега Хоселу го тера вториот „мандат“ во Реал и е многу близок со Белингем за кого е убеден дека ќе испише историја.
-Белингем е играч кој има многу да се развива бидејќи е роден да игра за Реал Мадрид. Ни дава нешто поразлично од играч од средниот ред или плејмејкер, како сакате наречете го. Тој е играч кој застана на нозе и внатре во соблекувалната и надвор, тој е многу сакан од навивачите и од нас, поради неговиот начин на живот. Тој е играч кој ќе направи многу добри бројки и ќе влезе во историјата во Реал Мадрид.
-Многу скромно момче, кое се труди да разговара со сите. Многу комуницирам со него бидејќи зборувам англиски. Се трудам многу да се дружам со него. Тој е многу вредно момче, има 20 години, но изгледа како да има 30. Има неверојатна зрелост и знаење, -вели Хоселу кој посочи дека Џуд се обидува да го научи шпанскиот јазик.
-Вистината е дека тој е прилично смешен во таа смисла-порача напаѓачот.
-
Англијапред 22 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Светпред 23 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
АТПпред 15 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Европски куповипред 24 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Шпанијапред 11 часа
„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе
-
Англијапред 7 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!