Поврзете се со нас

Европски првенства

Хоселу: Очекуваме да го пензионираме Крос!

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Хоселу Мато доби повик во шпанската репрезентација поради својата незаборавна сезона како член на Реал Мадрид, но за разлика од она што го навикна во последно време, во петок за противник ќе има едно многу добро познато лице.

Корпулентниот напаѓач има големи симпатии кон Тони Крос, но вели дека тој и неговите шпански соиграчи ќе направат се за да го испратат Германецот предвреме во пензија, а тие да го продолжат патот до големото финале.

Крос се прости од клупскиот фудбал на големото финале во Лигата на шампионите, а сега на патот до ново финале му стојат неколку соиграчи од Реал, меѓу кои и Хоселу.

– Се надеваме и очекуваме дека Тони во петок ќе го одигра последниот натпревар во кариерата. Играме четвртфинале против голема селекцијата и очекуваме да го пензионираме Крос во петок.

– Тој ми е пријател, зборував многу со него и добив безброј совети во изминатиот период. Тој е клучен за Германија, исто како што беше клучен за Реал. Мора да внимаваме многу на него во петок, но целта е да го победиме, – изјави Хоселу, кој на пресот потврди дека ја завршува соработката со Реал и се сели во Ал Гарафа, клуб од Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни