Поврзете се со нас

Шпанија

Хоселу објасни зошто си замина од Реал: Мојата улога…

Објавено

на

foto:twitter.com/realmadrid

Хосе Луис Мато Санмартин или попознат само Хоселу е уште еден од играчите кој си заминува од таборот на Реал Мадрид.

Тој имаше навистина квалитетна сезона за „кралевите“ и постигна 17 голови со 3 асистенции и дефинитивно имаше улога, заслуга за успесите на тимот во натпреварувачката 2023/2024.

Реал ја активираше клаузулата и го откупи неговиот договор од Еспањол за 1,5 милиони евра и на тој начин му помогна без проблеми да го реализира трансферот во Ал Гарафа.

Напаѓачот му се заблагодари на клубот за потегот, но притоа јасно посочи зошто си заминува и покрај тоа што тренерот Карло Анчелоти посакуваше да го задржи и во кампањата 2024/2025.

-Ова беше вистинско време да го направам тој чекор и едноставно да му се заблагодарам на Реал што ми помогна да ја изведам операцијата. Доаѓаат добри години во Мадрид со многу млади играчи. Она што ме турка е желбата да продолжам да се натпреварувам, можеби мојата улога оваа година немаше да биде иста како лани.

-Одам во многу добра земја и мислам дека беше совршено време да можам да го направам тој чекор. Она што не го сакав беше да одам во друг европски клуб, си заминав на најдобар можен начин, освојувајќи титули, -порача Хоселу јасно алудирајќи дека би останал без минутажа со оглед на тоа што Реал ги обезбеди Мбапе и Ендрик, па офанзивната линија е пеколна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни