Поврзете се со нас

Шпанија

Хоселу го реши Хетафе, Реал е нов лидер во Примера (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/footballespana_

Екипата на Реал Мадрид издвојува победа над Хетафе со 2-0 во заостанатиот натпревар во шпанската Примера, победа со која „кралевите“ дојдоа до првото место на табелата.

Избраниците на Карло Анчелоти беа поконретни на ова градско соочување и дојдоа до посакуваните три бода благодарение на летното засилување Хоселу Мато.

Мато имаше две одлични реакции, првата беше во 14 минута кога со удар со глава ја смести топката во мрежата на Сорија.

Втората ситуација која заврши со погодок за искусниот напаѓач се случи во 56 минута кога по додавањето на Вини Жуниор стрелаше за 2-0 и за потврда на трумфот.

Сега Реал по комплетирани 22. рунди во Ла Лига има 57 бода, два повеќе од второпласираната Џирона и десет плус од Барселона и Атлетико Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни