Поврзете се со нас

Англија

Хосе Енрике го предупреди Ришарлисон: Ван Дајк е бесен, следниот пат зборувај после натпреварот (Фото)

Објавено

на

Бразилецот Ришарлисон е еден од најдобрите играчи во тимот на Евертон, па непосредно пред големото дерби со Ливерпул на „Гудисон парк“, напаѓачот на „карамелите“ одлучи да го испровоцира лидерот во одбраната на градскиот ривал.

Ришарлисон даде една доста провокативна изјава поврзана за најдобриот играч во Премиер лигата минатата сезона, неверојатниот Вирџил Ван Дајк кој во период од две години се претвори во еден од најкошмарните стопери за противничките фудбалери.

Најголем дел од англиската јавност веќе подолго време потенцира дека Холанѓанецот е најдобар стопер во светот, но Ришарлисон изненадувачки не го смести ниту во топ три, ставајќи ги пред него Тиаго Силва, Макрињос и Серхио Рамос.

Оваа изјава сега реши да ја искоментира и поранешниот лев бек на Ливерпул, Хосе Енрике, кој учтиво го предупреди Бразилецот да внимава на себе бидејќи сигурно го разлутил Ван Дајк пред пресметката која утре ќе ја имаат на теренот.

– Еден совет за Ришарлисон за следниот пат. Зборувај после натпреварот, сега сигурно го разбесни Ван Дајк. Да видиме што ќе се случи. Напред „црвени“, – порача Хосе Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни