Поврзете се со нас

Свет

Хоророт во Копа Либертадорес заврши трагично: Почина фудбалерот на Национал (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Nacional

Осминафиналниот меч меѓу Сао Пауло и Национал во Копа Америка заврши на најлош можен начин, а поради страшните сцени, Уругвај како земја ги суспендираше сите натпревари изминатиов викенд.

Хуан Изкердо се струполи на земја во моменти кога немаше никој околу него и експресно стана јасно дека станува збор за нешто сериозно, па откако лекарите мораа да го враќаат во живот на теренот, првичната вест не беше онаа најлошата.

Фудбалерот на Национал беше стабилизиран и итно пренесен на интензивна нега, но после пет дена борба во болница, за жал пристигна и веста која никој не сакаше да ја слушне.

Состојбата на Изкердо се влошувала од ден во ден и бил ставен на механичка вентилација, по што неговото срце на крајот престанало да чука.

Национал како клуб со огромна тага ја потврди трагичната вест за смртта на својот 27-годишен фудбалер, порачувајќи дека ништо нема да може да ја надомести оваа загуба на млад живот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни