Хорор за Владимир Кличко: Крајбрежната стража го спасуваше од јахтата која му се запали во Шпанија (Видео)

jahtaklicko

Поранешниот неприкосновен владетел во рингот, Владимир Кличко се најде во многу непријатна ситуација за време на својот одмор во Шпанија.

Имено, Кличко со својата јахта заедно со семејството пловел во водите крај Мајорка кога настанал пожар во пловилото.

За среќа на легендарниот боксер брзо интервенирала крајбрежната стража и спасувачите служби, па семејството и пријателите на Кличко биле безбедно евакуирани.

– Нашето патување со брод во неделата заврши во нашиот брод кој се запали, а семејството и пријателите се безбедно евакуирани од крајбрежната стража и спасувачкиот тим. Без грижи, сите сме добро, -напиша Кличко на својот Твитер профил.

Facebook Коментари