Хорор во Јоханесбург: Поранешен фудбалер брутално изрешетан во својот автомобил (Видео)

bacelor-1

Фудбалската трагедија изминатава ноќ се случи во Јужна Африка, откако медиумите од оваа земја ја пренесоа крвавата вест за грозоморниот чин извршен врз поранешен познат фудбалер од оваа земја.

Марк Бачелор бил на свиреп и брутален начин убиен изминатава ноќ пред својот дом во Јоханесбург, откако две лица кои биле на мотоцикл испразниле цел шаржер врз неговото „БМВ“. Поранешниот фудбалер на Кајзер и Орландо бил погоден со седум куршуми во своето тело, по што на лице место им подлегнал на повредите, а лекарите само констатирале смрт на лице место.

Обвинителството од Јужна Африка во овој момент работи на расветлување на случајот, но повеќе од јасно е дека станува збор за нарачано убиство од човек кој сигурно не бил во добри односи со поранешниот фудбалер. Бачелор во последно време беше актуелен со телевизиските гостувања како спортски аналитичар, а дека станува збор за нарачано убиство говори и фактот што напаѓачите не украле ништо од автомобилот.

Facebook Коментари