Поврзете се со нас

Франција

Хорор старт: Стоперот на Брест за малку ќе му ја скршеше ногата на Мбапе (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

ПСЖ го победи Брест со 3:1 и се пласираше во четвртфиналето на францускиот Куп, но Луис Енрике можеше многу скапо да го плати коцкањето со играњето на најдобрите до самиот крај.

Килијан Мбапе ја најави победа на фаворитот и беше навистина расположен за игра, меѓутоа беше и жртва на еден хорор старт по кој навистина има голема среќа што мина без тешка повреда.

Стоперот на Брест беше крајно невнимателен и малку фалеше да му ја скрши ногата на францускиот напаѓач, кој во дадената ситуација мина без повреда поради неверојатната еластичност на неговото стапало.

Лилијан Брасие го нагазна Килијан кој беше во трк, а повторената снимка најдобро долови колку беше опасен неговиот старт и како можеше да заврши за најголемата ѕвезда на ПСЖ.

Дефанзивецот на Брест доби црвен картон, но убедливо најдобра вест е тоа што Мбапе мина без тешка повреда.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни