Поврзете се со нас

Италија

Хорор сцена во Лече: Италијански судија и неговата девојка избодени до смрт

Објавено

на

Италијанската спортска јавност со голема неверица го пренесува грозоморното убиство кое вчера се случило во Лече, а во кое животот го загубиле фудбалски судија и неговата девојка.

Даниеле Де Сантис е жртва на вооружен напад во неговиот апартман во Лече, во кој фудбалскиот арбитар со нож бил избоден до смрт, исто како и неговата 30-годишна девојка Елеонора Манта. Нивните две безживотни тела се пронајдени во апартманот од кој пристигнале страотни крици, а по кои соседите пријавиле во полиција.

Сведоците и откриле на „Ла Република“ дека напаѓачот побегнал од местото на злосторството со нож во рацете, по што најблиските соседи веднаш алармирале и ги повикале службените лица кои само констатирале смрт.

Де Сантис беше познат судија за италијанската јавност, земја во која воглавно судеше натпревари во Серија Б и Серија Ц.

Тој го имал своето деби во Серија Б во 2017-та година и зад себе остави повеќе од 130 официјални натпревари во италијанскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни