Поврзете се со нас

Мото ГП

Хорор сцена на Муџело: Дупаскје остана да лежи на асфалтот, фановите се молат за младиот возач (Видео)

Објавено

на

Мото случувањата на патеката Муџело беа прекинати и беше покажано црвено знаме за прекин на сесијата, откако швајцарскиот возач Џејсон Дупаскје претрпе хорор инцидент за време на квалификациите во Мото 3.

Младиот 19-годишен возач ја загуби контролата во кривната 9 на легендарната патека и беше вмешан во застрашувачки инцидент со Сасаки и Алкоба, но додека овие двајца минаа без никакви повреди, состојбата на Швајцарецот е навистина загрижувачка бидејќи остана да лежи на асфалтот извесно време.

Откако беше покажано црвено знаме за крај на сесијата, Дупаскје беше евакуиран со хеликоптер и експресно пренесен во најблискта болница во Фиренца, од каде засега не пристигнуваат никакви информации за здравствената состојба на младиот мотоциклист.

Мото ГП засега само информираше дека Сасаки и Алкоба се во најдобар ред и немаат никакви повреди, а за Дупаскје соопшти дека е пренесен во болница каде ќе добие третман од ургентното одделение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни