Шпанија
Хорор прво полувреме за Анчелоти: Два гола останаа во сенка на новата тешка повреда (Видео)
Реал Мадрид постигна два гола во првото полувреме на пресметката против Осасуна, но водството од 2:0 остана во сенка на повредите кои ги заработија двајца домашни фудбалери.
Родриго прв побара измена и беше повлечен од Карло Анчелоти во 20-та минута, но тоа што се случи 10 минути подоцна беше далеку посериозно.
Едер Милитао врескаше од болка по едно неправилно движење со ногата и се чини дека си нанесе голема штета на десното колено, по што мораше да добие лекарска интервенција пред да биде изнесен на носилки.
Бразилецот минатата сезона го оперираше левото колено поради преден вкрстен лигамент, а сега за жал најголемите стравувања се дека ја заработи истата повреда на другото колено.
Од 30-та до 45-та минута, Реал постигна два гола преку Винисиус и Белингам, но пред крајот на првиот дел на повреда се пожали и Лукас Васкез, кој сепак стисна заби и до бандажиран мускул го доигра овој дел.
Повредата на Милитао погледнете ја ТУКА
Реакцијата на Карло Анчелоти погледнете ја ТУКА
-
Англија19 часа
Кин запрепастен од еден играч на Јунајтед: Неговото ниво на фудбал е шокантно!
-
Шпанија17 часа
Анчелоти за играчот кој направи голема грешка при голот кој донесе пораз за Реал: Тој е недопирлив
-
Шпанија20 часа
Мбапе презема одговорност и им се обрати на навивачите на Реал по новиот промашен пенал (Фото)
-
Шпанија7 часа
Ван Дер Варт за Мбапе: Тешко му е да прифати дека е „само уште еден играч“…
-
Свет6 часа
Реал во група со тимот на Нејмар и Митровиќ, Интер Мајами ќе игра на отварањето на Светското клупско првенство (ФОТО)
-
Англија16 часа
Мареска откри дека казнил еден стартер на Челси поради недоволно залагање на тренинзите
-
Англија17 часа
Аморим: Постоеше само една разлика меѓу Арсенал и Јунајтед
-
Англија18 часа
Гвардиола го испофали Де Брујне, но соопшти уште една ужасна вест за повреда на важен стартер