Хорор повреда на Велбек, играчите се фаќаа за глава (Фото+Видео)

velbek

Првото полувреме меѓу Арсенал и Спортинг Лисабон во Лига Европа не донесе погодоци, но „падна“ една лоша, хорор повреда на Дени Велбек поради која сигурно подолго време ќе мора да паузира.

Повремениот англиски репрезентативец настрада при еден воздушен дуел, односно при слетувањето го повреди зглобот на неговата нога. Соиграчите не можеа да поверуваат што гледаат и се фаќаа за глава, а на Велбек му беше дадена маска со кислород и беше изнесен од теренот на носилки.

Facebook Коментари