Поврзете се со нас

Балкан

Хорор деби во Белград: Поранешен голман на Скопје и Силекс остана без бубрег по ужасен судир (Видео)

Објавено

на

Спрските медиуми пренесоа детали од ужасната сцена која се случила вчера на фудбалскиот терен во белградското предградие, кога на мечот меѓу Жарково и Раднички од Сремска Митровица, голманот на гостите се здобил со тешка повреда.

Станува збор за средба од втората по ранг фудбалска лига кај нашиот сосед, а која за жал направи еден поранешен играч од Првата македонска фудбалска лига да остане без бубрег поради непријатниот судир кој го имаше на теренот.

Спасојe Стефановиќ како голман на тимот од Сремска Митровица се нашол на земја еден контакт кој го имал со противничкиот напаѓач, по што веднаш станало јасно дека се работи за посериозна повреда.

Стефановиќ итно бил пренесен на ургентното одделение во најблиската болница во Белград, за време на операцијата, за жал морало да му биде отстранет еден бубурег. Оваа вест со огромно жалење ја пренесе и Раднички преку своите официјални гласила на социјалните мрежи, посакувајќи му добро здравје на фудбалерот кој имаше хорор деби во новата средина.

Младиот 28-годишен голман му се приклучи на Раднички на почетокот на оваа сезона и ова беше прв натпревар за него меѓу стативите, а покрај големиот број домашни искуства, на интернационалната сцена се испроба и во Македонија, каде бранеше за тимовите на Скопје и Силекс во сезоните 2017/18 и 2018/19.

Непријатниот судир кој донесе ужасни последици за голманот се гледа во 35-та секунда од видеото….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни