Поврзете се со нас

Формула 1

Хорнер: Се знае кој би победил ако Ферстапен и Хамилтон возат ист болид

Објавено

на

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер уште еднаш не го криел воодушевувањето од Макс Ферстапен и неговата способност да му парира на Луис Хамилтон со поспор болид.

Хорнер смета дека возачот на Ред Бул е потценет, а е убеден дека е подобар возач од актуелниот шампион, па и Себастијан Фетел, кој во минатото беше Ф1 шампион со болид на Ред Бул.

– Не можеме да ги спориме успесите на Хамилтон, статистички тој е еден од најдобрите во историјата на Формула 1.

– Но, ако Ферстапен и Хамилтон возеа ист болид, немам дилеми кој би победил.

– Со Макс се е возможно, а тоа го покажа трката во Саудиска Арабија. Не очекувавме да бидеме конкурентни, но Ферстапен се погрижи тоа да се случи, мислам дека не добива доволно почитување за тоа. Тој не одржа во борбата за титулата сезонава, понекогаш луѓето забораваат како е да се вози во послаб болид.

– Ферстапен може да вози на лимит и истовремено да следи што се случува околу него на трката. Тоа го можат малку возачи, го можат Макс и Хамилтон, го можеше и Фетел кога стана светски шампион. Немам дилеми дека Макс е најдобриот возач кој седнал во болид на Ред Бул. Себастијан беше фантастичен, но доби подобар болид, – вели Хорнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни