Поврзете се со нас

Формула 1

Хорнер по триумфот на Ферстапен во Холандија: Никогаш не сум видел вакво нешто

Објавено

на

Макс Ферстапен победи на Формула 1 трката во Холандија, резултат кој има посебно значење поради неверојатната поддршка од публиката за возачот на Ред Бул.

Очекувано, Ферстапен уживаше во портокаловата атмосфера на домашното гран-при, а тимскиот шеф Кристијан Хорнер се обиде да ја опише атмосферата пред и за време на трката на Зандворт.

– Макс беше одличен на трката, а фановите направија неверојатна атмосфера.

– Ако се возевте од градот кон патеката, на секој прозорец имаше знаме посветено на Ферстапен. Никогаш не сум видел една нација да застане на ваков начин зад еден возач.

– Се градеше одлична атмосфера уште кога пристигнавме, но Макс беше надвор од тоа, максимално концентриран на задачата која ја има, – изјавил Хорнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни