Поврзете се со нас

Формула 1

Хорнер по триумфот на Ферстапен: Ќе добиев срцев удар поради Шумахер

Објавено

на

Макс Ферстапен вчера успеа да ја задржи минималната предност во однос на Луис Хамилтон во завршните кругови и победи на Формула 1 трката во САД, а тимскиот шеф Кристијан Хорнер признава дека за него финишот траел цела вечност.

Хамилтон имаше понови пневматици во однос на Ферстапен, а на патеката во последниот круг се најде и заостанатиот болид на Мик Шумахер, кој не се тргна навреме пред болидите кои го заобиколуваа за цел круг, но затоа на кратко му обезбеди и ДРС на пилотот на Ред Бул.

– Во последниот круг Мик го успори Макс, но исто така ни обезбеди активирање на ДРС. Исто така, јас ќе добиев срцев удар за малку, – изјавил Хорнер.

– Макс успеа да одржи предност и тоа беше навистина класа возење.

– Навистина мислев дека нема да издржиме, пневматиците не беа во најдобра состојба, па со начинот на кој ја одржа првата позиција, Ферстапен ја заслужи победата, – изјавил Хорнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни