Поврзете се со нас

Формула 1

Хорнер го истури сиот бес врз Хамилтон по трката на Силверстоун: Ова не смее да го направи ваков шампион

Објавено

на

Кристијан Хорнер како тимски шеф на Ред Бул не го криеше бесот по конечниот епилог на Силверстоун, трка на која победи човекот кој според него го направи најголемото „кривично дело“ на патеката.

Луис Хамилтон по осми пат во кариерата се израдува на домашната трка во Британија, но во моменти кога тој не ја криеше еуфоријата за новиот триумф и намалувањето на предноста во генералниот пласман, луѓето од противничкиот табор останаа шокирани од неговото возење, но и односот по трката во која буквално го истурка Ферстапен од патеката.

Макс се заби со силна брзина во заштитната ограда по контактот со Хамилтон во воведот на трката и истата експресно заврши за него, а Хорнер порача дека единствена добра вест е тоа што Холанѓанецот нема никаква посериозна повреда.

– За мене ситуацијата е многу јасна, Луис се вметна со тркалото во внатрешноста на Макс во еден од најбрзите своици во нашиот спорт. Тој е возач со толку големо искуство, голем шампион и не смее да го направи тоа. Фала му на Бога што немаме возач со сериозни повреди после тоа што го направи. Ферстапен е во болница на испитувања, но се чувствува добро и оди самостојно. Не знам како може да биде среќен по трката после тоа што го предизвика.

– Ова беше очајнички обид на Хамилтон, не смее да се прави ова при таа брзина. Тоа е валкано возење од негова страна и можеше да заврши многу лошо. Казната која ја доби не се совпаѓа со кривичното дело кое го направи, како да не доби казна за акцијата која ја презема. Други возачи добивале многу поригорозни казни за вакви потези, – изјави бесниот Хорнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни