Поврзете се со нас

Македонија

Холстебро ќе биде прв ривал на Вардар на „Хумел Купот”

Објавено

на

Екипата на Вардар ги започна подготовките за новата сезона, а во делот за оние прави, вистински тестови е закажаниот „Хумел Куп” кој е во организација на бундеслигашот Магдебург.

Домаќинот на овој настан ги објави полуфиналните двојки и термините на одигрување на натпреварите, па така Вардар на 21 август од 16 часот ќе се соочи со данскиот претставник Холстебро, додека пак Горење и Магдебург (19 ч.) ќе се соочат во вториот натпревар на денот.

На 22 август се дуелите за 3 и 1 место, програмата ќе биде отворена со мечот за „бронзата“ од 12:30 часот, а пак борбата за трофејот ќе биде од 15,30 часот.

Ова за Вардар ќе биде последен тест пред четвртфиналето во СЕХА против ППД Загреб со тоа што мора да се напомене дека четата на Вујовиќ претходно ќе настапи на Супер Купот каде се соочи со Еурофарм Пелистер (11 август) за да потоа настапи и на турнирот во Струга (12 до 15 август).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни