Поврзете се со нас

Германија

Холштајн Кил го шокираше Баерн во германскиот куп (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен не успеа да се пласира во осминафиналето на германскиот куп, откако вечерва е поразен на пенали од второлигашот Холштајн Кил.

Во регуларниот дел беше 2:2, гол немаше ниту во продолжението, па пенал рулетот заврши во корист на домашниот тим и го најави големото славје на Кил.

Баерн два пати водеше, првиот пат преку Гнабри, а вториот преку Сане, но Кил во 95. минута од средбата се избори за дополнителни минути, што ќе се покаже и како клучен момент за средбата.

Првите пет пенали беа изведени од двете страни без грешка, а во шестата серија дојде и првото промашување. Баерн не реализираше откако голманот на Кил го одбрани ударот на Рока, а Бартелс ја потврди победата и големиот успех на Кил.

Баерн доживеа елиминација во купот од екипа од понизок ранг првпат од сезоната 2003/04, кога загуби од Алеманија Ахен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни