Холивудски пречек за браќата Бол во Литванија: Пречекани како најголеми НБА ѕвезди (Видео)

Lonzo Ball braka

Браќата на бруцошката НБА ѕвезда, Лонзо Бол, Лианџело и Ламело Бол, иако беа најавувани како идни НБА кошаркари, кариерата ќе ја продолжат во Европа. Тие вчера беа пречекани како најголеми ѕвезди на аеродромот во Литванија. Браќата потпишаа едногодишен договор со малку познатиот Приенаи Витаутас, клуб од Литванија, во град во кој живеат 10 илјади граѓани. Но, уште позачудувачки е што клубот се сочува со сериозни финансиски проблеми, а и не им оди ни добро во првенството. Инаку, за еден од браќата Бол, се дозна откако му приреди сериозна бламажа на кошаркарската ѕвезда, Лонзо Бол. Лианџело Бол кој со својот колеџ, Универзитетот УЦЛА беа дел од универзитетската делегација, која во Шангај настапуваа против Универзитетот Џорџија Тек, како дел од посетата на Претседателот Доналд Трамп на Кина. Тој по скандалот доби суспензија, а подоцна и ги напушти студиите.

Facebook Коментари