Поврзете се со нас

Боречки спортови

Холифилд се посрамоти, судијата го спасуваше по две минути во рингот (Видео)

Објавено

на

Легендарниот боксер Ивандер Холифилд имаше неславно враќање во рингот, каде се најде на 58-годишна возраст во дуел со поранешната УФЦ ѕвезда, Виктор Белфорт.

Поранешниот светски шампион влета во борбата како замена за Оскар де ла Хоја кој заврши во болница како последица на ковид-19, но очигледно ќе беше подобро да не го направи овој потег.

Дуелот со Белфорт траеше нецела рунда, односно две минути, бидејќи Холифилд не само што неколку пати ја загуби контролата од ударите на противникот, туку беше целосно пасивен и не упати ниту еден вистински удар.

Откако судијата увиде каква е состојбата во рингот, реши да го спаси ветеранот и ја прекина борбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни