Боречки спортови
Холифилд и Тајсон подготвени за спектакуларна „трилогија“: Преговорите се на добар пат!
Во изминатиов период, Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд проследија неколку видеа на кои се гледа дека напорно тренираат во теретана и во друштво на индивидуален тренер, а бидејќи двајцата изразија желба за враќање во рингот за хуманитарни цели, бокс јавноста се сплоти и даде предлог да видиме трета борба меѓу вечните ривали.
Двете страни се отворени за комплетирање на таканаречената „трилогија“ која дефинитивно ќе биде крајно популарна и покрај тоа што двајцата веќе се во поодминати години, а дека веќе се започнати преговори за трета борба меѓу лутите ривали кои во последните години станаа пријатели, откри и самиот Холифилд.
– Луѓето на Тајсон и моите луѓе веќе зборуваат и иако се уште немаме постигнато солиден договор, на добар пат сме да дојдеме до тоа.
– Целта на камбекот е да се помогне во хуманитарни цели. Двајцата одиме во ист правец и сакаме да помогнеме на деца. Ако се случи, тоа нема да претставува никаков проблем. Двајцата почнавме да правиме нешто во исто време и можно е да ни се вкрстат патиштата, – изјави Холифилд за „The 3 Point Conversation “.
Инаку, нивното ривалство започна во далечната 1996-та година кога Холифилд го разочара Тајсон во 11-та рунда, но многу повеќе ќе се памети реваншот, односно моментот кога бесниот Тајсон одгриза дел од увото на Ивандер. Две децении подоцна, светската јавност на големо говори за комплетирање на „трилогија“ која би била нависитна уникатно остварување за двајцата легендарни боксери.
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 21 час
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 20 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 20 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)