Поврзете се со нас

Боречки спортови

Холифилд го ангажираше Кличко за најавената борба со Тајсон (Видео)

Објавено

на

Ивандер Холифилд е сериозен во намерата да се врати во рингот од крајот на годината, но за да се случи тоа, самиот е свесен дека треба да се врати во солидна форма до која ќе стигне само со напорна работа.

Легендарниот боксер го прифати предизвикот на Мајк Тајсон кој почна да споделува видеа од напорни тренинзи, а човекот кој во два наврати славеше над „челичниот Мајк“ е отворен за комплетирање на трилогија меѓу нив двајца.

Двата тима преговараат за такво можно спектакуларно сценарио и двајцата боксери се сложни дека би се вратиле во рингот само за настап од хуманитарен и ревијален карактер, но дека нивните намери се сериозни ни открива и последното видео кое го објави Холифилд.

На истото се гледа дека Ивандер го ангажирал повеќекратниот шампион Владимир Кличко кој го следи неговиот прогрес на тренинзите, а воедно и го советува како да се врати во посакуваната форма која ја има зацртано.

За потсетување, Кличко долги години беше апсолутен лидер во тешка категорија, пред да биде детронизиран од страна на Антони Џошуа во 2017-та година, борба по која објави и пензија.

 

View this post on Instagram

 

I’m feeling stronger and stronger as each day passes. I’m looking forward to stepping back into the ring this year🥊

A post shared by Evander Holyfield (@evanderholyfield) on

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни