Холанѓанката Вуст собори нови рекорди со златниот медал на 1500 метри

irin-vust

Холандската натпреварувачка во брзо лизгање, Ирин Вуст, денеска го освои златниот медал во трката на 1.500 метри, а истовремено влезе и во историјата на зимските олимпијади.

Вуст го освои првото место на трката во ПјонгЧанг, оставајќи ги зад себе Јапонката Михо Такаги и Марит Ленстра од Холандија која стигна до бронзата во оваа дисциплина.

Денешната победничка го освои петтиот златен олимписки медал во својата кариера, стана првата олимпијка со четири златни медали по ред, а стана и најуспешна олимпијка во брзото лизгање откако има вкупно 10 олимписки медали.

Facebook Коментари