Поврзете се со нас

Европски првенства

Холанѓаните уште погневни поради видеото кое кружи во јавноста: Сака играл со рака пред пеналот за Кејн (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/England

Холанѓаните останаа без шанса да стигнат до втора европска титула и да се борат за трофеј на турнирот во Германија, откако вчера во полуфиналето потклекнаа во дуелот со Англија.

„Лалињата“ примија гол во самата завршница од Оли Воткинс и тоа значеше дека Англија оди во финален мегдан против Шпанија, но конечниот резултат предзивика и голем бес кај Холанѓаните, пред се поради начинот на кој „Гордиот Албион“ се врати во игра.

Англија израмни со гол од пенал кој го реализираше Хари Кејн, но начинот на кој беше досуден истиот крена голема прашина, бидејќи и неколку англиски легенди признаат дека нема прекршок за најстрога казна.

Сепак, тоа не е единствена причина за бес, бидејќи луѓето од ВАР собата не воочиле и едно играње со рака кое не беше пренесено во телевизискиот пренос.

Имено, Букајо Сака играл со рака пред топката да заврши кај Кејн, односно пред да дојде до контакт меѓу напаѓачот на Англија и Дензел Дамфрис.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни