Поврзете се со нас

Свет

Холанѓаните го пронајдоа наследникот на Куман, нов селектор е за Мурињо најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата

Објавено

на

Потрагата на Фудбалската федерација на Холандија по нов селектор конечно заврши откако е донесена одлука наслендик на Роналд Куман да биде поранешниот легендарен фудбалер на „лалињата“, Франк де Бур.

Холандија остана без селектор откако Роналд Куман седна на клупата на Барселона, а во натпреварите од Лигата на нациите репрезентацијата ја водеше Двајт Лодевегес.

Од поодамна беше познато дека Лодевегес нема да ја води селекцијата на перманентна основа, па од федерацијата во меѓувреме преговараа со неколку звучни имиња за селекторската функција.

Меѓу имињата кои се споменуваа во јавноста беа и Макс Алегри, но и Франк Рајкард, но на крајот изборот падна на Франк Де Бур.

Де Бур како тренер шест години седеше на клупата на Ајакс, а потоа ги водеше и Интер, Кристал Палас и Аталанта Јунајтед.

Во Интер и Кристал Палас не остави ама баш никаков впечаток, а легендарниот Жозе Мурињо во една прилика кажа дека Франк де Бур е најлошиот тренер кој некогаш се појавил во историјата на Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни