Поврзете се со нас

Шпанија

Холанѓанецот во центарот на вниманието: Депај со гол го заокружи дебито за Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона успеашно ја реши и втората контролка за новата сезона, а тоа беше дуелот со Џирона кој го реализираше со резултат 3-1.

Каталонците го оправдаа статусот на фаворити и дојдоа до нов триумф на стадионот „Јохан Кројф“ и тоа во средба во која во центарот на вниманието беше Мемфис Депај. Депај неделава беше промовиран како ново засилување за да вечерва добие шанса за настап во финишот на првото полувреме на местото на Реј Манај.

Депај имаше некол добри потези кои ги круниса во 85 минута со прецизен удар од 11 метри.

Инаку претходно за каталонците стрелаа Пике и Манај, додека за гостите погоди Саиц во 42 минута.

Сега за Барса следи гостување во Германија и Австрија каде ќе игра против Штутгарт и РБ Салцбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни