Светски првенства
Холандскиот селектор Олсон дал свој коментар за случувањата во Вараждин

Холандската репрезентација имаше многу поплаки за однесувањето на македонските ракометни фанови во финишот на средбата од второто коло на Светското првенство, а дел од европските медиуми тврдеа дека и селекторот Штафан Олсон бил плукнат од еден од нашите навивачи.
Шведската ракометна легенда која во моментов ја предводи Холандија два дена подоцна им открил на медиумите што се случувало на дуелот во Вараждин.
Олсон зборувал со шведските медиуми, но без да се спомене и причината за нервозата меѓу фановите, која непотребно ја создадоа арбитрите.
– Некој се обиде да ме плукне кога го напуштав теренот, но не успеа да ме погоди, – коментирал Олсон.
– Немам проблем да бидат гласни и да прават притисок од трибините, но кога монети и пластични шишиња се фрлаат кон играчите и судиите, веќе не е смешно. Мислам дека нашиот физиотерапевт си собра четири-пет евра од се што беше фрлено на теренот.
– Видов и дека судиите не се чувствуваа пријатно кога прегледуваа снимка и некој над нивните глави врескаше и ги навредуваше. Сепак мора да има граници во однесувањето, – истакнал Олсон.
Ракометната федерација на Македонија доби казна од ИХФ за случувањата на дуелот Македонија-Холандија и предупредување за однесувањето на нашите фанови, кои во Вараждин беа испровоцирани од несоодветниот критериум на данската судиска двојка.
Олсон, исто како и данските медиуми не споменале ништо околу спорниот критериум на данските судии, а ИХФ експресно им додели нов натпревар за судење.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони24 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија8 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег