Поврзете се со нас

Свет

Холандскиот репрезентативец му одговори на Куман: Не сакам да играм за него, ако продолжи вака…..

Објавено

на

Foto:x.com/ittihad_en

Роналд Куман предизвика мал потрес во холандската фудбалска репрезентација во пресрет на натпреварите во Лигата на нации, бидејќи додека даваше образложение за својот список, јасно стави до знаење дека прецртал еден репрезентативец поради тоа што направил трансфер во Саудиска Арабија (Ал Итихад).

Куман го изостави Стивен Бергвајн и посочи дека за него веќе нема место во холандската репрезентација, бидејќи според него, трансферот во арапската земја значи дека крилото веќе нема желба да се натпреварува на највисоко ниво.

Оваа изјава на селекторот стана многу популарна во јавноста и беше предмет за отворање на неколку дебати во Холандија, по што сега со официјален одговор се јави и Бергвајн.

Крилниот фудбалер му возврати на Куман и посочи дека покажал лоши манири со начинот на кој ја соопшти веста, за која тој всушност слушнал од медиумите.

– Ако беше чесен и посветен селектор, прво ќе ми се јавеше мене и лично ќе ми го соопштеше тоа што го мисли. Јас морав да дознаам за неговите зборови од телевизија. Јас доживеав многу убави моменти со него, затоа лесно ми е да кажам дека сум разочаран од него. Не смее да ги третира своите фудбалери на ваков начин. Ако продолжи вака, ќе го загуби целиот кредибилитет.

– Ме налути тоа што кажал дека мојот чекор не е од спортски причини. Можам да ве уверам дека конкуренцијата во Саудиска Арабија е поголема од онаа во холандското првенство. Селекторот знае дека лигата во Саудиска Арабија е многу посилна, тоа го докажаа и Канте и Лапорт со своите изданија на Европското првенство.

– Секогаш ми било чест да играм за Холандија и јас не ја завторам таа врата. Сепак, со овој селектор веќе нема да играм за Холандија, завршив со човекот кој ме истретира така лошо во јавноста. Може во иднина ќе се промени селекторот и ќе се вратам. Дотогаш, ќе ги поддржувам моите соиграчи, добив само убави пораки од нив изминативе неколку дена, – открива Бергвајн во интервјуто за „Де Телеграф“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни