Поврзете се со нас

Свет

Холандскиот чудотворец го одби Тотенхем: Даниел Леви остана без уште една опција!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Feyenoord

Тотенхем без многу размислување му врачи отказ на Антонио Конте по експлозивното интервју кое го имаше Италијанецот во месец март, но во тие моменти, никој не можеше да претпостави дека потрагата по нов тренер ќе биде нависитна сложена.

Даниел Леви најпрво му се довери на Стелини, потоа му врачи отказ и нему и го ангажираше Мејсон до крајот на сезоната, но многу поголем проблем за него е менаџерот за следната сезона.

Клубот од Северен Лондон има големи шанси да остане без европски фудбал наредната сезона, па откако беше одбиен од Јулијан Нагелсман, сега доби „корпа“ и од човекот кој веќе се најавуваше како нов менаџер.

Арне Слот направи чудо со Феенорд оваа сезона и стана холандски шампион, па иако изминативе неколку дена водеше преговори за преселба, на крајот одлучи да остане во Ротердам.

– Изминативе неколку дена слушнав многу гласини за други клубови, за интерес кон мене. Иако сум благодарен за сите натписи, мојата желба е да останам во Феенорд и да продолжам да го работам она што го изградивме. Вчера имав состанок со клубот, но состанокот беше само со една цел: Продолжување на соработката. Едвај чекам да дојде новата сезона со Феенорд, – изјави Слот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни