Поврзете се со нас

Европски првенства

Холандски репрезентативец шокираше со својот настап, Куман го замени уште во првиот дел

Објавено

на

Холандската фудбалска репрезентација денеска играше многу важен натпревар на ЕП против Австрија, а автоголот на Мален значеше и рана негатива за избраниците на Роналд Куман.

„Портокаловите“ се обидуваа да се консолидираат од неочекуваниот шок во 6. минута, но не можеа да ги исполнат очекувањата на фановите и разочараа со својот настап до паузата.

Во најлошо светло се прикажа играчот за врска Џои Верман, кој за половина час на теренот го загубил поседот на топка по 55 проценти од ситуациите во кои ја имал топката, односно имал само 9 успешни додавања од 19 кои се обидел да ги реализира за овој период.

Селекторот Куман решил да реагира во 35. минута од средбата и на местото на Верман во игра го уфрли Чави Симонс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни