Поврзете се со нас

Европски првенства

Холандски медиуми: Хрватските врски со Чеферин се причина за збогувањето на Макели со ЕП

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Azzurri_En

Холандскиот судија Дани Макели и во минатото предизвикувал многу дебати со одредени свои одлуки и начинот на кој ги води натпреварите од престижните турнири, а на ЕП во Германија тој се најде во центарот на вниманието на два натпревара.

Најпрвин ги изнервира Унгарците кои сметаа дека не поништил гол за Германија кога имало прекршок во напад во акцијата, за потоа да стане ноќна мора и за Хрватите, кои беа шокирани од голот на Италија во последните секунди, но откако мораа да играат дури осум минути продолжение против „азурите“.

На крајот, по многу критики, Макели е испратен дома во Ротердам и нема да суди во продолжение на ЕП, но холандските медиуми тврдат дека одлуката не била донесена на вообичаен начин.

Поточно, судиите сметаат дека нивниот колега отсудел одличен натпревар (Хрватска-Италија), но притисокот на Хрватите и нивните конекции со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, биле доволни за Словенецот да излобира крај на судиската авантура на Макели во Германија.

Според овој извор, наводно членовите на судиската комисија негодувале и не биле задоволни од одлуката, но таа е донесена од страна на првиот човек Роберто Росети и Макели ќе може да го следи ЕП само на тв.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни