Лига на шампиони
Холандски кошмар за Италијанците: Јувентус прими пацерски гол и испадна од ЛШ (Видео)

Италијанците во 24 часа доживеаја нов кошмар од холандска екипа, бидејќи после Феенорд, големо изненадување режираше и ПСВ вечерва во Ајндховен.
Феенорд вчера го елиминираше фаворизираниот Милан и се пласираше во осминафиналето, а идентичен успех направи и ПСВ по 120 минути игра на „Филипс стадионот“.
Јувентус пристигна во Холандија со предност од 2:1 и со цел да ја заврши работата од првиот меч, па иако гостите игледаа како тим кој ги контролира нештата во првиот дел, сепак не успеаја да зададат конечен удар.
Тоа го натера ПСВ да го подигне темпото и да го даде максимумот во вториот дел, а погодокот на Перишиќ за 1:0 предизвика ерупција на трибините и целосно го раздвижи натпреварот.
Јувентус брзо одговори и израмни на 1:1 преку Веа, но тимот од Торино некако остана без енергија во продолжение, па во целост ја препушти играта на домаќинот.
Храбрата игра на ПСВ вроди со плод и гол за 2:1 постигна Саибари, но домаќините не се задоволија со ова и со сета сила напаѓаа и по трет гол.
ПСВ не успеа да го направи тоа во регуларниот дел, но стигна до такво нешто во дополнителните 30 минути игра, и тоа после една пацерска реакција на Гати и Ди Грегорио.
Подарокот во гол го претвори Фламинго во 98-та минута, а истиот се покажа како пресуден за голем пласман во осминафиналето.
Покрај Јувентус и Милан, елиминација во Лигата на шампионите вчера доживеа и Аталанта, па ова беа два кошмарни дена за италијанскиот фудбал во целост.
Головите погледнете ги ТУКА
-
Македонија18 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија21 час
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија20 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Шпанија23 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Европски првенства19 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 119 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА23 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)
-
Свет13 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)