Поврзете се со нас

Свет

Холандска легенда за Ван Дајк: Тој е мрзелив, ноншалантен, прави многу грешки…

Објавено

на

blank

Вирџил Ван Дајк важи за еден од најдобрите стопери на светот, играч кој одигра клучна улога во успесите на Ливерпул во последниве години на големата сцена.

Меѓутоа во изминатиов период Холанѓанецот како да игра на пониско ниво, не е толку сигурен, прави грешки, па за тоа добива критики. По дуелот со Лидс Јунајтед критики за него испрати легендата на „црвените“ Џејми Карагер, а сега уште подиректен беше некогашниот член на ПСВ и Ајакс, Вим Кифт.

-Тој не е остар, во Холандија и Ливерпул се однесува како завршена ѕвезда во светот на фудбалот, како тренер-лидер на тимот кој покажува премалку на теренот, како да не сака да ги следи своите соиграчи.

-Во исто време, тој самиот игра мрзливо и ноншалантно. Прави грешки и често бега од одбранбена рачна работа на натпреварите. Со својот статус треба да биде во првите редови на битката, -вели Кифт кој беше дел од составот на Холандија кој во 1988 година го освои ЕП.

-На Ван Дајк му требаше долго време да дојде на врвното меѓународно ниво. Тој е таму околу две сезони, но важно е да остане многу критичен кон себе. Неговата околина исто така игра важна улога во ова. Во ред е ако неговите тренери го размрдаат, -заклучи Кифт за „Де Телеграф“.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни