Англија
Холандска легенда: Имав неверојатно искуство со Ферги, но ја одбив неговата понуда и завршив во Милан
Едгар Давидс своевремено важеше за еден од најреспектабилните играчи за врска и беше дел од златната генерација на Ајакс која ја освои титулата во Лигата на шампиони, тим кој дефинитивно го привлече вниманието на целокупната европска јавност.
Една година по освоената престижна титула на стариот континент, Давидс беше еден од играчите кои направија исчекор во кариерите и заминаа да се докажуваат надвор од дома, а иако преговараше со Манчестер Јунајтед, извонредниот фудбалер на крајот заврши во Милан каде не се задржа предолго.
Давидс највпечатливите партии во Серија А ги прикажа како член на Јувентус и Интер, а во меѓувреме една сезона мина и на позајмица во каталонскиот великан Барселона.
Навраќајќи се на кариерата која сигурно можеше да биде и доста потрофејна, Давидс открива дека фамозниот разговор со Сер Алекс Фергусон го водел во 1996-та година, непосредно пред да направи трансфер во Милан.
– Кога го напуштив Ајакс во 1996-та година, имаше добра шанса да завршам во Манчестер Јунајтед. Имав разговор со Сер Алекс Фергусон и тоа беше едно од најневеројатните искуства во целата моја кариера. Тој беше смешен, шармантен и многу интелигентен, едноставно се што може да замислите кај еден тренер.
– Но, во тоа време „големите момци“ во фудбалот беа во Серија А и затоа решив да заминам во Италија. Тоа беше главната причина поради која го избрав Милан пред Јунајтед. Не жалам што не завршив во Јунајтед. Го имам сретнато Фергусон повеќе пати после тоа и со насмевка се навраќаме на тие моменти. Се уште има навистина добро чувство меѓу нас двајца, – потенцира Давидс.
-
Светски првенства21 час
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП19 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Репрезентација9 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
Англија20 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија18 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Светски првенства17 часа
Ване за потегот на Перез Де Варгас: Доказ дека ракометот се уште е џентлменски спорт