Поврзете се со нас

Европски првенства

Холандска легенда без влакна на јазикот: Ако ова е пенал, тогаш ќе ги има осум во финалето (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/pierrevh17

Холандија не успеа да дојде до уште едно големо финале во својата историја, поточно падна на последниот испит, тест до таа цел, селекцијата на Англија која славеше во Дортмунд со 2-1.

Холанѓаните не се задоволни од арбитражата на главниот судија, Феликс Цвајер на кого пред се му замеруваат за досудениот пенал за „трите лава“ во првиот дел, поточно по малиот контакт кој го имаа Хари Кејн и Дензел Дамфрис.

Многумина познати имиња, асови со многу искуство, претрчани километри на теренот сметаат дека немало никаква основа за тоа, став кој го дели и легендата на „лалињата“, Пјер Ван Хојдонк.

-Можам да му се заблагодарам на Феликс Цвејер. Тој навистина треба да биде на црната листа. Страшно. Исто така во второто полувреме… досуди прекршок во дуелот со Коди Гакпо каде едноставно повторно свирна на десетина метри од линискиот судија. Ова се моментите кои беа клучни на овој натпревар.

-Можеме да продолжиме и понатаму за ова, но ако сакате да досудите пенал за ова, тогаш можеби ќе имате осум во финалето. Навистина страшно, -порача некогашниот ас на Селтик, Феенорд, Бенфика, Фенербахче…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни