Поврзете се со нас

Европски првенства

Холандија ја разби Романија за четвртфинале на ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/OnsOranje

Репрезентацијата на Холандија ја надигра Романија со 3-0 и обезбеди место во четвртфиналето на 17. Европско првенство кое се игра во Германија.

Холанѓаните одиграа еден навистина квалитетен меч на „Алијанц Арена“ во Минхен, комплетно го надиграа противникот и ако избраниците на Куман беа пофокусирани во финишот на завршниците можеа и да испорачаат „петарда“ во мрежата на Романците.

„Лалињата“ беа напаѓачки ориентирани, упатија преку 20 удари, а ја имаат и топката (поседот) во свои нозе.

Гакпо го отвори резултатот во 20 минута, а на истиот играч му беше поништен гол во 63 минута поради офсајд.

Фудбалерот на Ливерпул ја имаше улогата на асистент при погодокот на Мален во 83 минута. Членот на Дортмунд стрелаше уште еднаш во 93 минута за потврда на одличното издание.

Нареден ривал за „орање“ ќе биде подобриот од пресметката Турција-Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни