Поврзете се со нас

Лига на нации

Холандија и Германија одиграа атрактивно реми, Кејн издоминира на „Вембли“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/England

Големото европско дерби меѓу Холандија и Германија донесе атрактивен и напаѓачки фудбал, а во такви услови видовме четири гола и уште најмалку толку шанси за менување на резултатот.

Натпреварот на крајот заврши 2:2 и двете селекции поделија по еден бод во второто коло во Лигата на нации, што всушност беше и најреален епилог од понуденото во Амстердам.

Рејндерс го отвори резултатот во 2-та минута и донесе возбуда на трибините на „Јохан Кројф арена“, но атмосферата значително се расипа кога Матијс Де Лихт направи голема грешка во 38-та минута.

Новиот стопер на Јунајтед ја предаде топката на противникот и Германија успеа да израмни преку Ундав, а потоа да постигне и втор гол преку Кимих за 1:2. Во вториот дел, Холандија исто така беше ефикасна на стартот и преку Думфрис израмни на 2:2, а ова се покажа како последен гол на оваа средба.

Во истиот термин, Англија славеше победа над Финска во Лигата Б во Лигата на нации, а човек на одлука беше Хари Кејн со два постигнати гола (2:0).

Головите од мечот во Амстердам погледнете ги ТУКА

Погодоците на Кејн погледнете ги ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни