Хол прокнижи втора победа во низа и „го украде шоуто“ во Јапонија

Photographer Credit:
Јоерг Миттер/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Јоерг Миттер/Red Bull Content Pool

Мат Хол е новиот лидер во генералниот пласман на светското првенство Red Bull Air Race, откако го порази јапонскиот херој Јошихиде Муроја на домашен терен уште во првата рунда во Чиба, возена над водите во Токијскиот Залив. Ова е негова втора последователна победа на трките за 2018 година.

Толпа од 70.000 луѓе ја преполни плажата Макухари за викендот за да го види својот херој Муроја на домашен терен по првпат откако ја освои титулата светски шампион во 2017 година, но нивната радост се претвори во неверица. Наострен да стигне до трет триумф на својата домашна трка, јапонскиот пилот го надмина максимално дозволеното Г-забрзување при првиот лет, престигнувајќи го својот лут ривал Хол, кој само што победи во Кан, Франција, но тоа му донесе дисквалификација.

На крајот во последната рунда на четирите најбрзи пилоти, Гулијан, Шонка, Канаѓанецот Пит Меклиот и Хол се бореа за победа. Гулијан леташе прв и оствари време од 56.695, додека Шонка, а потоа и Меклеод заработија казни од две секунди. Чистиот лет под притисок на Хол беше побрз од тој на Американецот за само 0.319 секунди.

– Сакаме да мислиме дека ова значи дека се враќаме каде што бевме пред две-три години,- рече Хол, кој во два светски шампионати беше втор, пред да почне да вози нов тркачки авион во сезоната 2017. – Се чини дека оваа трка беше дури и подобра од претходната, и се гордееме со нашиот тим, ова е тимски спорт и немаше ниедна единствена грешка од никого. Се надевам дека оваа трка засекогаш ќе остане на календарот. Културата на обожавателите во Јапонија е чудесна, тие се преполни со ентузијазам. Го елиминирав нивниот претставник и тие сепак ме прифатија.

Следна е трката во Будимпешта, Унгарија, каде што тркачките авиони се враќаат во духовниот дом на овој спорт. А во средината на сезоната, ништо нема да биде изненадување на класичната станица на спортот. Освен Канаѓанецот МекЛиод кој е седми во генералниот пласман, секој од останатите 14 пилоти е врзан со поени со барем еден од конкурентите – најзабележително тоа е кај Хал и Гулијан, кои се пред сите, а и двајцата со по 36 поени. Муроја и Шонка, кои завршија како прв и втор на првенството во 2017, го продолжуваат своето епско ривалство со по 19 поени секој, светскиот шампион од 2016 година Матијас Долдерер од Германија и изненадувачки младиот Французин Мика Бражо имаат по 15 поени, и така е низ целата табела. Само еден одличен перформанс е доволен да ја „разниша“ табелата.

 

Photographer Credit: Balazs Gardi/Red Bull Content Pool
Photographer Credit:
Balazs Gardi/Red Bull Content Pool

Резултати „Мастер Класа“, Чиба 2018: 1. Мат Хол (Австралија), 2. Мајкл Гулијан (САД), 3. Мартин Шонка (Чешка), 4. Пит Меклеод (Канада), 5. Мика Бражо (Франција), 6. Франсоа Ле Вот (Франција). 7. Хуан Веларде (Шпанија), 8. Матијас Долдерер (Германија), 9. Петр Копфстајн (Чешка), 10. Кристијан Болтон (Чиле), 11. Бен Марфи (Велика Британија), 12. Николас Иваноф (Франција), 13. Кирби Чемблис (САД), 14. Јошихиде Муроја (Јапонија)

Табела по три трки: 1. Мат Хол (Австралија) 36 поени. 2. Мајкл Гулијан (САД) 36 поени, 3. Јошихиде Муроја (Јапонија) 19 поени, 4. Мартин Шонка (Чешка) 19 поени, 5. Матијас Долдерер (Германија) 15 поени, 6. Мика Бражо (Франција) 15 поени, 7. Пит Меклеод (Канада) 11 поени, 8. Кирби Чемблис (САД) 9 поени, 9. Франсоа Ле Вот (Франција) 9 поени, 10. Јуан Веларде (Шпанија) 9 поени, 11. Бен Марфи (Велика Британија) 6 поени, 12. Петр Копфстајн (Чешка) 6 поени, 13. Кристијан Болтон (Чиле) 1 поени, 14. Николас Иваноф (Франција) 1 поен.

Facebook Коментари