Поврзете се со нас

Свет

Хојлунд за својот соиграч: Кога ќе го однесете својот татко на работно место, а тој ќе ве декласира (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Данска вчера имаше добра подготовка за Европското првенство и ја победи Шведска во скандинавското дерби, а голот за триумф на „Паркен“ го постигна Кристијан Ериксен.

Капитенот на Данска погоди за победа на истиот стадион на кој колабираше пред три години, па неговиот чуден фудбалски пат ги воодушевува фановите, но и неговите соиграчи.

Желбата и страста да се игра фудбал беа поголеми и направија Ериксен да се врати на терените и покрај срцевиот застој, а сега на 32 години се уште е пример за своите сонародници.

Расмус Хојлунд како една од најголемите млади ѕвезди не штедеше комплименти за Ериксен по крајот на мечот, но тоа го направи и преку социјалните мрежи каде имаше оригинален коментар.

– Кога ќе го однесете својот татко на работното место, а тој ќе ве декласира…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни