Поврзете се со нас

Англија

Хојлунд за незадоволната ѕвезда на Јунајтед: Тој е играч од светска класа, вистински професионалец!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Расмус Хојлунд ја игра својата прва сезона во дресот на Манчестер Јунајтед, сезона исполнета со турбуленции, позитивни и негативни моменти, но и година во која сигурно многу ќе научи, собере искуство кое ќе знае да го искористи во иднина.

Меѓутоа проблемите, подемите, падовите се составен дел од фудбалот и за тоа е свесен Данецот иако е доста млад, па токму тој му даде поддршка на сонародникот Кристијан Ериксен кој пред неколку дена отворено посочи дека не е задоволен од минутажата, стаутсот кој го има кај Ерик Тен Хаг.

Искусниот играч за врска незадоволен од минутажата: Му порачав на Тен Хаг дека не сум среќен

-И јас седева на клупа кај Копенхаген, па знам што значи тоа. Меѓутоа ја држи главата високо и тој е играч од светка класа. Апсолутно нема сомнеж за тоа. Нема никаква грижа за тоа. Се разбира, сакате да играте фудбал. И сигурен сум дека и тој го прави тоа. Тренира добро и сè уште е многу позитивен и многу корисен, така што тоа не е голема работа, тој е вистински професионалец.

-Добро беше што доби  минути против Ливерпул. Мислам дека се снајде навистина добро кога влезе. Добар играч па би сакале да го видите на теренот, но ние имаме многу добри играчи. Значи, тренерот мора да одлучи дали ќе игра или не, -истакна напаѓачот за „ТВ2“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни