Поврзете се со нас

Англија

Хојлунд си го прослави роденденот со гол и фантастична прослава, Јунајтед оствари сигурна победа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед го надигра Вест Хем и сосема заслужено освои важни три бода во обидот да фати топ четири приклучок, триумф кој е навистина значаен после драматичните случувања на „Молину“.

Тимот на Ерик Тен Хаг денеска немаше подеми и падови и одигра еден зрел меч во текот на сите 90 минути, а во фокусот се најдоа двајцата млади фудбалери, Расмус Хојлунд и Алехандро Гарначо.

Данецот покажа дека влегува во извонредна форма и постигна гол на четврти меч во низа, со тоа што денеска прикажа и извонредна техника при завршувањето на акцијата.

Хојлунд денеска полни 21 година и самиот се погрижи за извонреден роденденски подарок, при што режираше и оригинална прослава на погодокот.

Во вториот дел, Јунајтед ја потврди победата со офанзивниот пристап и добрата ефикасност пред голот на Фабијански, а стрелец на двата погодоци беше Гарначо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни