Поврзете се со нас

Англија

Хојлунд сака да гледа еден соиграч почесто на теренот: Тој е класа фудбалер

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Расмус Хојлунд ја надмина повреда и се врати на фудбалските терени за четвртфиналето со Ливерпул во ФА Купот, натпревар кој ќе го паметат по добри претставниците од „Олд Трафорд“.

Јунајтед ја доби големата драма и со големо задоволство замина на кратка репрезентативна пауза, а играчите полека се стремат за тоа што следи, односно завршниот дел од сезоната во Премиер лигата.

Хојлунд треба да биде клучен во обидот да се остварат зацртаните цели, а младиот Данец смета дека на тимот ќе му биде доста полесно да се справи со притисокот ако почесто на теренот го гледаме неговиот сонародник, Кристијан Ериксен.

Пред да замине во репрезентативниот камп, Ериксен се пожали за минутажата која ја добива од Тен Хаг во вториот дел од сезоната, а сега со коментар на оваа тема се јави и Расмус.

– Добро знам што значи да се седи на клупа и чувството не е добро. Но, Кристијан е пример за останатите, главата секогаш му е исправена и станува збор за класа фудбалер. Нема лоша гримаса и лош потег, никој не се сомнева во неговиот професонализам. Секој сака да игра фудбал, но тој тренира како да игра на секој натпревар. Секогаш е позитивен и е пример за професионалец.

– Добра работа беше тоа што доби минутажа против Ливерпул, мислам дека добро ќе му дојде. Сакам да го гледам почесто на теренот, но сепак одлуката за тоа ја носи тренерот, – изјави Хојлунд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни