Поврзете се со нас

Лига на нации

Хојлунд по „сиу“ прославата на гол против Португалија: Тоа не беше тролање на Роналдо

Објавено

на

Foto:twitter.com/dbulandshold

Данска вчера обезбеди минимална победа на дуелот со Португалија во плејофот на Лигата на нации, во натпревар на кој домаќините имаа и нереализиран пенал во првото полувреме.

Скандинавската селекција погоди преку Расмус Хојлунд, кој финишираше атрактивна акција, а голот го прослави со легендарното „сиу“ на Кристијано Роналдо.

Данскиот репрезентативец по натпреварот објаснил дека целта не му била да го истрола противничкиот репрезентативец, посебно што тој е негов фудбалски идол.

– Тоа беше за мојот идол. Не беше тролање или нешто слично, Роналдо имаше големо влијание врз мене и мојата кариера. Се сеќавам на гол од слободен удар на натпревар во 2011 година кој го гледав во живо и оттогаш сум негов голем фан.

– Можеби е малку невообичаено, но за мене е голема работа да постигнал гол против него и португалската репрезентација, – рекол Хојлунд.

Данска и одржа фудбалска лекција на Португалија, Хојлунд погоди и славеше во стилот на Роналдо (Видео)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни