Поврзете се со нас

Англија

Хојлунд откри какви точни инструкции добил од Аморим на полувреме: Сите видоме што следеше (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим бара од своите играчи од Манчестер Јунајтед да бидат подисциплинирани и повеќе да се посветат на главните задачи кои им ги задава на теренот, а во такви услови, ѕвездите од првиот тим сега немаат таква слобода на теренот каква што имаа под водство на Ерик Тен Хаг.

Португалскиот стручњак сака потечна и попрактична игра без често напуштање на позицијата, па вчера пред почетокот на второто полувреме, јасно барал од Хојлунд да остане поблиску до шеснаесетникот.

Данскиот напаѓач имаше извонреден меч против Бодо Глимт и беше клучен за пресвртот на „Олд Трафорд“, а токму по победата од 3:2 самиот откри какви биле јасните инструкции кои ги добил од новиот менаџер.

– Како напаѓач, секогаш е најдобро да останете во шеснаесетникот и да бидете блиску до голот. Веќе работевме на неколку вакви ситуации со новиот менаџер.

– Аморим на полувреме ми порача да се насочам кон уфрлања на прва статива и да чекам шанси на таков начин. Сите видовме што се случи во продолжение, постигнав гол после таква акција, – откри Хојлунд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни