Поврзете се со нас

Англија

Хојлунд: Најдобро е да не ме споредувате со Халанд

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Расмус Хојлунд по своите физички предиспозиции и по стилот на игра нависитна многу потсетува на Ерлинг Халанд, но на младиот Данец не му се допаѓаат премногу споредбите со најдобриот голгетер за минатата сезона.

Новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед пристигна како големо засилување и веќе презентираше дел од својот голгетерски инстинкт, но Расмус е свесен дека се уште има многу работа пред себе за да се споредува со Халанд.

Хојлунд вели дека не му одат во прилог споредбите со неверојатниот Норвежанец, бидејќи смета дека Ерлинг во овој момент е уникантен со квалитетот да ги тресе противничките мрежи без престан.

– Најдобро е да не ме споредуваат со Халанд, тој е приказна за себе и класа за себе. Се надевам дека еден ден ќе го достигнам неговото ниво, сега е премногу рано за такво нешто.

– Ерлинг е најдобар напаѓач во светот, а можеби и најдобар играч во светот, јас имам уште за докажување, – вели Хојлунд во интервјуто за „ТВ2“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни