Поврзете се со нас

Англија

Хојлунд ја објасни специфичната прослава: Ме потсети дека треба да го направам тоа (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед успешно го реши предизвикот Вест Хем, победа од 3-0 во која одново стрелец беше талентираниот напаѓач Расмус Хојлунд.

Данецот како што одминува времето игра се подобро и подобра, а доказ за тоа е што ова беше четврти меч во низа на кој постигнува гол за „црвените ѓаволи“. Тој е среќен поради ова, односно што има можност на вистински начин да им одговори на луѓето кои често го критикуваа во текот на актуелнава кампања.

-Тоа отсекогаш било тука, отсекогаш сум верувал во себе, се работело само за да се влезе во ритам. Давате еден гол, а потоа два и добивате малку импулс и почнувате да се поврзувате со играчите. Разговарав со моите соиграчи и менаџерот затоа што треба да се подобриме едни со други, за тоа се работи . Сакам да бидам вклучен што е можно повеќе. Исто така работев многу на себе, ја гледав мојата игра и што можам да подобрам. Мислам дека многу се развив откако сум овде, -рече Хојлунд кој даде објаснување и за специфичната гол прослава против „чеканите“,

-Кога бев со моите пријатели во летото, ми рекоа дека треба да го направам тоа, а јас не го направив. Тој ме потсети на ова додека кратко бев во Данска, ме потсети дека треба да го направам тоа. Остана во мене и само мислев дека ќе му дадам шанса, -обелодени Расмус кој вчера го прослави 21. роденден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни