Англија
Хојлунд го избра најпотценетиот играч во тимот на Јунајтед: Тој игра на друго ниво

Расмус Хојлунд ни одблиску ги нема оправдано паричните средства кои ги вложи Манчестер Јунајтед за него, но со оглед на тоа што се работи за млад фудбалери, директорите на клубот и менаџерот Рубен Аморим се уште имаат трпение за талентираниот Данец.
Аморим по победата над Лестер побара од Хојлунд да не биде фрустриран поради недостатокот на голови во овој момент, но истовремено за англиската јавност интересна стана и една изјава на напаѓачот дадена во ексклузивнот интервју за „Скај Спортс“.
Хојлунд доби за задача да го избере најпотценетиот играч во стартниот тим на Јунајтед, а тој без многу размислување го издвои Мануел Угарте.
– За мене најпотценет е Угарте. Мислам дека сите видовме блесоци од него со новиот менаџер. Резултатите не се одблиску добри, но тој е играч кој се издвојува.
– Се гледа неговиот квалитет, се гледаат вакви големи работници во тимот, а за жал такви фудбалери не добиваат посебно внимание. За разлика од Угарте, Диало е фантастичен во последно време и почна да добива признание за својата игра. Според мене, тој игра на друго ниво од останатите во тимот, – потенцира Хојлунд.
-
Игри на среќа24 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Лига на шампиони12 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија24 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)