Свет
Хојлунд ги обвини противниците: Намерно сакаа да ме повредат, ова е неприфатливо! (Видео)

Сан Марино го постигна првиот гол на официјален квалификациски меч по пауза од две години, но оваа селекција сепак не можеше да избегне пораз и загуби од Данска со резултат 1:2.
Фаворизираните скандинавци не блескаа на гостувањето кај аутсајдерот и мораа да се помачат за трите бода, меѓутоа овој меч ќе остане во лошо сеќавање на Расмус Хојлунд поради пристапот на домашните фудбалери.
Новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед по натпреварот се пожали дека противничките фудбалери се обидувале намерно да го повредат во завршницата од мечот, период во кој доби и еден непријатен удар во грбот со колено.
– Почувствував дека станав нивна цел, тоа може да се заклучи и од стартот на крајот. Добро разбирам италијански и можев да ги слушнам како прават планови за да ме соборат. Сликите доволно говорат дека имаа за цел само да ме повредат, – се пожали Хојлунд, кој видеото го сподели и на социјалните мрежи.
– „Спортскиот дух“……. Правиме толку напорна работа за да бидеме подобра верзија од сбе секој ден и да бидеме фит за сите натпервари. Ова однесување на играчите од Сан Марино кои сакаа да ме повредат беше неприфатливо, – порача Расмус.
Rasmus Højlund’s spoken out on Instagram about the “sportsmanship” yesterday against San Marino.
“We do so much everyday to be the best version of yourself and keep fit for so many games. This behavior from San Marino last night, trying to injury me was unacceptable!” pic.twitter.com/Or0kaCMvtg
— Højlund 11 🇩🇰 (@RasmusHojlundPR) October 18, 2023
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Италијапред 15 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 11 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча